Полицијата откри работилница за оружје во село Љубин

Сопственикот на работилницата е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.

443

Откриена е работилница за поправка на оружје во домот на 38-годишен жител на селото Љубин.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека вчера при контрола на патничко возило „опел зафира“ управувано од 38-годишниот М.Ш. откриени се 300 куршуми различен калибар, а потоа со судска наредба извршен е претрес во неговиот дом при што откриена е работилницата, разни делови од оружје, два сигнални пиштоли и голема количина муниција.






М.Ш. е приведен и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 396 од КЗ на РСМ.

Поврзани содржини