ПОЛИЦИЈАТА НЕ ВЛЕЗЕ ВО ПОДРУМОТ НА ГТЦ, НО ВЛЕГОА НОВИНАРИТЕ Трговскиот центар лежи врз огромна „лабораторија“, поставени биле и камери (ВИДЕО)

Пред самиот влез во просториите, како што забележала екипата на ТВ21, поставено било комбе кое на тоа место стоело повеќе од една година и е на некој начин маскирано.

5,510

Полициската акција во подрумските простории на Градскиот трговски центар (ГТЦ), каде што наводно се ископувале криптовалути на див приклучок на струја, во моментов е прекината. Како што објави ТВ21, полицијата си заминала без воопшто да влезе во подрумските простории, но затоа, пак, новинарите влегле и ги пронашле „мајнерите“ кои биле поставени за „копање“ криптовалути.

Пред самиот влез во просториите, како што забележала екипата на ТВ21, поставено било комбе кое на тоа место стоело повеќе од една година и е на некој начин маскирано. Како што пренесува телевизијата, во случај на полициска акција, било планирано машините да бидат внесени во комбето со цел да не бидат запленети.






Од надворешниот дел, кај улицата, екипата на ТВ21 забележала дека е поставена и посебна вентилација за исфрлање на топлиот воздух од просториите, а поставени биле и посебни камери кои гледаат кон улицата каде што се влегува во просториите.

Поврзани содржини