ПОЛИЦИЈАТА МУ ГО РАСИПА БИЗНИСОТ Кај кочанец пронајдени се 105 пакувања со марихуана
Дрогата е одземена, а лицето е приведено, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на МВР.
Денеска околу 13 часот бил приведен 33-годишниот Е.Х. од Кочани поради тоа што кај него биле пронајдени пакувања со марихуана, информираше Министерството за внатрешни работи (МВР).
„По обезбедена наредба од Судија на претходна постапка од Основен суд Кочани, извршен е претрес на дом и други простории кои ги користел Е.Х., при што се пронајдени и одземени 105 пакувања марихуана, подготвени за продажба. Дрогата е одземена, а лицето е приведено, известен е Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка согласно член 215 од Кривичниот законик“, се вели во соопштението.