ПОЛИЦИЈАТА ИЗВРШИ ПРЕТРЕС НА БИТ-ПАЗАР Приведен е 28-годишен дилер на дрога
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, вчера (6 март), го лишиле од слобода Ј.И.(28) од Скопје, информираат од МВР и појаснуваат дека при претрес извршен по наредба добиена од Основен кривичен суд Скопје, во домот кај Ј.И. на подрачјето на Бит Пазар, биле пронајдени кокаин, две дигитални ваги и четири куршуми.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, велат од МВР.