📷 ПОЛИЦИЈАТА ГО НАМАЛИ КРИМИНАЛОТ ЗА 6,5% Јанев ги истакна достигнувањата во справувањето на криминалните банди
Ветивме и модернизиравме услуги од интерес на граѓаните, ја унапредивме меѓунардоната соработка со што значително ја зголемивме ефикасноста и капацитетот во решавање на безбедносни предизвици во глобални рамки, вели директорот Јанев.
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска присуствуваше на презентација на работата на македонската полиција во изминатиов период.
– Преку дела, а не зборови, полицијата успеа да го намали вкупниот криминал за 6,5 %, за 25 % го намали бројот на кривични дела, а сузби и повеќе криминални групи. Ветивме и модернизиравме услуги од интерес на граѓаните, ја унапредивме меѓунардоната соработка со што значително ја зголемивме ефикасноста и капацитетот во решавање на безбедносни предизвици во глобални рамки – вели Јанев.
Во рамки на денешниот настан се одржа и третиот по ред караван „Од вас, за вас“, со кој според Јанев, ја доближуваат полицијата до граѓаните и создаваат услови за поблиска комуникација и интеракција во насока на зајакнување на неопходната доверба која е од заеднички интерес.
Нагласува дека и натаму приоритет останува стабилна и безбедна средина за сите граѓани, во која правдата и безбедноста ќе бидат гарантирани!