ПОЛИЦИЈАТА ГИ ТРЕСЕШЕ АНТИВАКСЕРИТЕ Во Италија планирале нереди и купување на оружје

Полицијата и специјалните истражители собраа докази во домовите на осомничените, вклучувајќи ги и нивните компјутери и оружје, како што се катани, сабји и солзавец, соопшти полицијата во четвртокот наутро.

328

Италијанската полиција изврши претреси во домовите на противниците за вакцинација осомничени за планирање насилство низ целата држава.

Полицијата и специјалните истражители собраа докази во домовите на осомничените, вклучувајќи ги и нивните компјутери и оружје, како што се катани, сабји и солзавец, соопшти полицијата во четвртокот наутро.






Антиваксерите и скептиците за ковидвирусот во Италија започнаа неколку групи на апликацијата Телеграм.

Неодамна повикаа на бојкот на станиците

Таму, тие ги претставија плановите за набавка на оружје, а некои од нив дури и се јавувале во продавници за оружје и се распрашувале, пренесува Република.

Претреси биле спроведени во Рим, Милано, Бергамо, регионот Емилија, Венеција и Падова.

Противниците на ограничувањата поради коронавирусот воведени во Италија, излегоа на улиците неколку пати во последниве недели.

Организаторите на групата „Но вакс“ неодамна ги повикаа поддржувачите да го блокираат пристапот до станиците низ целата земја, за да се спротивстават на новите правила за патниците во возовите. Меѓутоа, многу малку демонстранти се појавија.

За патување со воз во Италија, потребен е доказ за вакцинација, доказ за прележан ковид-19 или негативен тест.

Поврзани содржини