ПОЛИЦИЈАТА „ЧЕШЛАШЕ“ НИЗ АЕРОДРОМ Десетици казни, приведени лица и запленета дрога

Во осумчасовна полициска акција биле контролирани десетици возила и лица, а откриени се дрога, нож и низа сообраќајни прекршоци.

635

Полициска акција спроведена вчера попладне и навечер во Скопје резултираше со десетици сообраќајни казни, приведени лица и запленета дрога и оружје. Контролата била реализирана на повеќе локации во општина Аеродром, каде што полицијата проверувала возила и лица.

Во текот на акцијата, која траела од 14 до 22 часот, приведени се две лица од Скопје на возраст од 21 и 33 години, кај кои била пронајдена и одземена марихуана. Кај друго лице, 26-годишник од главниот град, полицијата пронашла нож, кој исто така бил одземен.






Покрај тоа, од сообраќај бил исклучен и еден мотоцикл за кој постои сомнение дека бил со фалсификувани делови или документација.

За време на контролата биле евидентирани вкупно 37 сообраќајни прекршоци. Меѓу нив имало случаи на управување возило без возачка дозвола, возење со истечена регистрација, како и едно лице затекнато зад волан под дејство на алкохол.

Полицијата извршила проверка на 55 моторни возила, легитимирала исто толку лица, а детално биле прегледани 48 возила. Од МВР најавуваат дека ваквите засилени контроли ќе продолжат и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и спречување на криминал.

Поврзани содржини