Полиција на секој чекор, 429 казнети скопјани за еден ден

270

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (24.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, се вели во соопштението на МВР.

„На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 429 санкции, меѓу кои 62 прекршоци за пречекорување на дозволената брзина на движење, 35 мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила, 31 за возење без возачка дозвола, а 58 санкции за неносење на заштитна маска. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, наведено е во соопштението.

Поврзани содржини