ПОЛИЦАЕЦОТ ШТО ГО СИМНА АЛБАНСКОТО ЗНАМЕ ОД БАНДЕРА ВО КУМАНОВО НЕ СТОРИЛ ПРЕКРШОК За ДУИ оваа одлука е дискриминација на Албанците

Беше отворена истрага од страна на Одделот за внатрешна контрола и не е утврдено дека полицаецот прекршил каква било стандардна процедура во рамки на МВР, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

6,843

Полицаецот кој го симна албанското знаме од една локација во Куманово за време на прославата на Денот на албанското знаме, не сторил прекршок, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

– Беше отворена истрага во однос на предметното лице од страна на Одделот за внатрешна контрола и во рамки на утврдените дејствија коишто се сторени од страна на предметното лице не е утврдено дека истиот прекршил каква било стандардна процедура во рамки на МВР, колку што сум информиран. Подетално може да видиме што е како е понатаму – рече денеска Тошковски.






Опозициската ДУИ експресно реагираше на изјавата на министерот.

„Одлуката на МВР да го затвори случајот со полицаецот кој го понижи албанското национално знаме без никаква одговорност или казнена мерка е срамен чин и јасен знак за легализирање на дискриминацијата кон Албанците. Овој потег ја покажува целосната неуспешност на институциите да го заштитат достоинството на Албанците и да обезбедат почитување на основните права. Одговорноста за оваа состојба не се сведува само на етничката омраза и одмазда на Владата и на министерот Панче Тошковски, туку и на нелегитимните албански претставници во владата, кои со своите континуирани манипулации и лажни ветувања ги предадоа интересите на Албанците. Нивното молчење пред овој чин и пред многу други дискриминаторски постапки претставува голем срам и предавство на националните интереси на Албанците. Наместо да бидат заштитници на Албанците, тие станаа алатки на власта, која систематски ги понижува нашите симболи и националното достоинство. Оваа состојба не може повеќе да се толерира“, реагира ДУИ.

Сите кои се дел од оваа неправда ќе сносат одговорност пред Албанците и пред историјата, додаде ДУИ.

Поврзани содржини