Поранешниот полицаец Дерек Шовин e осуден за убиството на Џорџ Флојд на улиците во Минеаполис. Тој беше осуден на 22 години и шест месеци затвор. Прогласен е за виновен за ненамерно убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.
Поротата го прогласи Шовин (45) за виновен на 20 април по сите три точки од обвинението, а тој пресудата ја дочека мирно, без поголеми емоции.
Обвинителите бараа затворска казна од 30 години, двојно поголема казна од предвидената, а одбраната побара условна казна и ново судење.