Полицаец во рикверц повредил две девојки на мопеди, затвореник претепал и ограбил колега

333

ЗАТВОРЕНИК ОД ИДРИЗОВО НА КОЛЕГА МУ ОДЗЕЛ ПАРИ – На 27.09.2020 во 12.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа „Идризово“ било пријавено дека на 26.09.2020 во 1.30 часот осуденикот Д.Ј.(39) од Скопје со употреба на сила од осуденикот К.Ј.(54) од Скопје одзел пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

НА БАБА ПЛАНИНА ГОРИ НИСКОСТЕБЛЕСТА ШУМА – На 27.09.2020 околу 13 часот во СВР Битола било пријавено дека во подножјето на планината Баба настанал пожар во кој гори нискостеблеста шума и сува трева. Во 16 часот пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Повредени лица нема, а увид бил извршен.






ОД ВОЗИЛО ИМ СЕ ЗАКАНУВАЛЕ СО ОРУЖЈЕ – На 27.09.2020 во 13.30 часот во СВР Скопје, Ј.И.(23) с.Визбегово, скопско и А.Н.(46) од Скопје пријавиле дека на крстосницата на бул.„Словенија“ со „Качанички пат“, по претходно недоразбирање во сообраќајот, лице кои управувало патничко возило „ауди“ со бугарски национални ознаки со оружје им упатувало закани. По преземени мерки возилото и возачот биле пронајдено. Се работи за лицето Г.К.(35) од Скопје, кој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.

НАЈДЕНИ 9 МИГРАНТИ ОД ПАКИСТАН – На 27.09.2020 во 7.20 часот на локалниот пат с.Таринци–с.Балван, штипско, полициски службеници од СВР Штип забележале и запреле девет странски државјани-мигранти. Утврден им бил идентитетот и се работи за А.Ш.А.(22), Ф.А.Г.(24), З.К.(25), А.Н.(22), Н.Ф. (24), И.Н.(23), Б.А.(26), А.Н.(28) и А.В.(24), сите од Пакистан. Тие биле задржани и предадени на полициски службеници од  Полициската станица за Граничен премин и Граничен надзор Ново Село за понатамошна постапка.

НАПАДНАТА ДЕВОЈКА ВО СКОПЈЕ – На 27.09.2020 во 16.40 часот во СВР Скопје, А.М.(45) од Скопје пријавила дека на 26.09.2020 околу 23.50 часот на ул.„Благоја Стефковски“ нејзината ќерка, по претходна расправија, била физички нападната од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА ВО СТАЈКОВЦИ – На 27.09.2020 во 14.20 часот во СВР Скопје, З.Ј.(42) од с.Стајковци, скопско, пријавил дека околу 12.30 часот во с.Стајковци, по претходно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.С.(63) и З.Ј., двајцата од с.Стајковци. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

ИЗГОРЕ АУДИ – На 27.09.2020 околу 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Јуриј Гагарин“ настанал пожар во патничко возило „ауди“, сопственост на С.С.(41). Извршен е увид.

ПОЛИЦАЕЦ ВО РИКЕРЦ ПОВРЕДИЛ ДЕВОЈКИ НА МОПЕД – На 27.09.2020 во 13.15 часот на паркинг  кај ХЕЦ- Матка во Скопје, патничко возило „шкода октавија“, сопственост на МВР, управувано од О.М. (44) , враќајќи се наназад удрило во запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од М.Ѓ.(22),  и запрен мопед „Јиајуе“ со скопски регистарски ознаки, запрен од С.Ѓ.(21), двајцата од Скопје. Во незгодата, со телесни повреди се здобиле две сопатнички на мопедите, Е.П.(19) од Скопје и К.Б.(19) од Скопје, констатирани во болницата „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.

СКОПЈАНЕЦ ОГРАБЕН – На 27.09.2020 во 15.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, А.Б.(38) од с.Јурумлери, скопско, пријавил дека околу 14.30 часот на бул.„Никола Карев“ во Скопје неколку лица со употреба на сила и закана со остар предмет му одзеле пари. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

ЗАКАНИ КОН ПОЛИЦАЕЦ – ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против Д.С. од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 14.08.2020  во с.Ораовица пријавениот упатувал закани кон полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

 

Поврзани содржини