Полицаец уби уште еден Афроамериканец, но во самоодбрана (ВИДЕО)
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како демонстрантите кршат прозорци на излозите и уништуваат полициски возила.
Активисти на движењето „Black Lives Matter“ излегоа на улиците во Пенсилванија и бараат правда за 27-годишниот Рикардо Муноз кој беше убиен од полицаец откако тој прв го нападна со нож.
На снимките кои се појавија на социјалните мрежи може да се види како демонстрантите кршат прозорци на излозите и уништуваат полициски возила.
Откако избија нередите, полицијата објави видео на кое може да се види како Муноз со нож тргнува кон полицаецот. Снимката започнува со жена која истрчува од куќа врескајќи, а во следната секунда Муноз излегува низ вратата со нож во рацете и тргнува кон полицаецот. Притоа, полицаецот испукува неколку куршуми во него, а Муноз паѓа на земјата.