Полицаец синоќа го натерал Апасиев да „дува“

2,227

Пратеникот и лидер на партијата Левица, Димитар Апасиев, на својот профил на социјалните мрежи, објави што му се случило синоќа кога бил запрен од сообраќајна полиција:

„Ноќва возам накај Штип. Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за „недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?






Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање „дување”!? Му викам, господине, ја „дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).

Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алк охол 0.00. Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба.

Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за „дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!

Пред него вртам192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони). После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.

Наравоучение: не се ку -рч и, коа не знаеш право!“, напиша Апасиев.

Поврзани содржини