Полицаец го нападнал уредникот на Охридскај, го удрил со палка и му го скршил телефонот

Како што е наведено во текстот, редакцијата на Охридскај најавува дека ќе поднесе соодветни пријави до единицата за професионални стандарди при МВР, а воедно ќе поведе и соодветни постапки пред надлежни судови за дивеењето на полицаецот врз новинарска екипа.

1,546

Сообраќаен полицаец од Охрид физички го нападнал уредникот на порталот „Охридскај“, Сашо Денесовски, на полицискиот пункт Подмоље, удирајќи го со метална палка по десната рака, пишува порталот.

„Екипа од двајца новинари од редакцијата на Охридскај се упати на полицискиот пункт Подмоље, по што на полицаецот уредно му се легитимираа и запрашаа по кој закон се казнуваат граѓани од источлено семејство. Полицаецот наместо да одговори, со метална палка го удри уредникот на Охридскај при што му нанесе лесна телесна повреда на десната рака и му го искрши мобилниот телефон кој го држеше во рака. Уредникот му даде наредба на новинарката да вози во полициската станица да го пријават настанот. Откако екипата на Охридскај замина кон Охрид после хотел Амбасадор од истиот полицаец добија светлосни сигнали да застане и откако застана, полицаецот со примена на сила насилно го извади од возило, а на новинарката ѝ издаде наредба да продолжи да си се движи по патот“, пишува Охридскај.






Сашо Денесовски бил приведен во полициската станица во Охрид.

„Уредникот на Охридскај беше приведен во ПС Охрид, за наводно омаловажување и навредување на службени лица, како што имаше изјавено полицаецот дека наводно од редакцијата врз него биле упатени пцости и вулгарни зборови и дека наводно со рака му бил покажан среден прст. Очигледно од видеото кое е објавено на официјалната страна на Охридскај, јасно се слуша и се гледа дека од страна на редакцијата е постапено професионално, дека немало никакви упатени закани или навреди, туку полицаецот прекршувајќи ги неговите службени овластувања извршил физички напад врз новинар и новинарска екипа, а со цел да го сокрие таквото криминално дејствие повторно ја злоупотребува својата службена положба и овластувања вадејќи ги насилно новинарот од возило и повторно злоупотребувајќи ја својата положба и овластување приведил лице за дело кое не го направил“, објави порталот.

Како што е наведено во текстот, редакцијата на Охридскај најавува дека ќе поднесе соодветни пријави до единицата за професионални стандарди при МВР, а воедно ќе поведе и соодветни постапки пред надлежни судови за дивеењето на полицаецот врз новинарска екипа.

„Уредникот Денесовски се гонеше од страната на полицаецот за наводно омаловажување на службено лице во вршење на службени дејствија и за неовластено снимање. Новинарите не смеат ни да снимаат, ни да зборуваат во оваа држава. Чулев и неговата екипа сакаат медиумски молк за да прават што сакаат. Во 15  и 30 часот  единицата за професионални стандарди при СВР Охрид ја контактираше редакцијата и уреденикот Денесовски и во текот на денот известени сме дека ќе испратат екипа да изврши истрага околу целиот овој случај. Видеото може да го погледнете на  официјалната страна на „Oхридскај“.

Поврзани содржини