ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ СЕЛАТ ОД АЕРОДРОМ ВО ЛИСИЧЕ Ќе се гради нова полициска станица на местото на старата

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните, велат од МВР.

221

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Полициската станица Аеродром е привремено преместена во скопската населба Лисиче на улицата Димитар Туриманџовски бр. 1.

Преместувањето е направено затоа што на местото на стариот објект ќе се изгради нов објект на полициската станица, во склоп на проектот за обезбедување подобри услови за работа на полициските службеници, но и за услуги на граѓаните, велат од МВР.






И во наредниот период граѓаните ќе ги добиваат сите потребни услуги и за се што им е потребно можат да се обратат до полициските службеници.

Поврзани содржини