ПОЛИЦАЈЦИТЕ СЕ ПОЈАВИЈА НА СКОПСКИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ За еден ден казнети се 165 несовесни возачи

На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возилa.

1,301

По сообраќајната несреќа од пред неколку дена, кога во близина на „Сити мол“ во Скопје, млада девојка го загуби животот, полицијата започна да применува засилена контрола по улиците на главниот град.

Само во саботата, сообраќајната полиција казнила 165 возачи во Скопје, а 38 од нив за брзо возење.






„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (22.01.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 165 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 38 санкции, 19 мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за технички неисправни возилa. Изречени се 19 мерки за возење под дејство на алкохол, пет санкции за зборување на мобилен телефон, шест мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за возач почетник“, се вели во соопштението испратено од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР порачаа дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

„Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, додадоа од МВР.

Поврзани содржини