ПОЛИЦАЈЦИ МАЛТРЕТИРААТ ЧОВЕК ВО БЛИЗИНА НА ИЗБИРАЧКО МЕСТО ВО КОЧАНИ Не послушал наредба да се оддалечи
Инцидентот според информаците и коментарите на социјалните мрежи се случил во близина на избирачкото место сместено во Завод за вработување во Кочани.
Видео на кое се гледа како полицајци малтретираат и апсат повозрасен човек во Кочани попладнево се споделува на социјалните мрежи.
Инцидентот според информаците и коментарите на социјалните мрежи се случил во близина на избирачкото место сместено во Завод за вработување во Кочани.
Министерството за внатрешни работи, пак, информира:
„Во Кочани двајца полициски службеници пријавиле дека при вршење на редовна служба на Избирачко место 858 во Кочани преземале мерки и активности против едно лице кое се однесувало агресивно кон нив и одбило усна наредба да се оддалечи од местото и да не го попречува изборниот процес. По расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.“
ОВА Е ВО КОЧАНИ И Е ПОЛИЦИСКА БРУТАЛНОСТ!
ВАКА НЕ СЕ ПРИВЕДУВА ЛИЦЕ.
Дали МВР е свесно што направи овие избори?
Поткуп и закани на сите страни!РТ СИТЕ!
🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️🚨🆘️#БананаДржава pic.twitter.com/EQVns3l6i0— Две Ѕвезди (@dvezvezdi1) October 31, 2021