ПОЛЕАЛЕ ВИКЕНДИЧКА СО БЕНЗИН И ЈА ЗАПАЛИЛЕ Уапсени двајца потпалувачи, третиот е во бегство

Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата, соопшти полицијата.

565

Полицијата од Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Ѓ.П.(56) од село Ореше, општина Чашка и против С.М.(40) и Д.Д.(37), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Предизвикување општа опасност, по член 288 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

„На 10.5.2025 во 10.35 часот во СВР Велес било пријавено дека во близина на село Капиново, општина Чашка, настанал пожар во викенд куќа, сопственост на Д.Ј.(32) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Велес, а повредени лица немало. По преземени мерки и активности и спроведена истрага било утврдено дека Ѓ.П., С.М. и Д.Д., со патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки дошле во село Капиново, со употреба на сила влегле во викенд куќата и со запалива течност предизвикале пожар од кој целосно била зафатена куќата“, соопшти полицијата.






Ѓ.П. и Д.Д. на 16.5.2025 се лишени од слобода и задржани во полициска станица, а се преземаат мерќи за пронаоѓање на С.М., се додава во соопштението.

Поврзани содржини