ПОЛЦИЈАТА УАПСИ ШУМАР ВО КРУШЕВО Запленил нелегално сечени дрва, па ги продал
Против шумарот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за Злоупотреба на службената положба и овластувањето.
Полицијата вчера во Демир Хисар уапси шумар од Крушево, кој ги продал дрвата што претходно ги запленил од дрвокрадци. Ќе добие кривична пријава за Злоупотреба на службената положба и овластувањето.
„На 15.7.2025 во 13.35 часот пред угостителски објект во Демир Хисар, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Т.О.(46) од Крушево. Имено, тој се сомничи дека како вработен во шумско претпријатие во Крушево извршил кривично дело по член 353 од Кривичниот законик – Злоупотреба на службена положба и овластување. Како службено лице одзел нелегално исечени огревни дрва со приколки и ги продал на трето лице“, соопшти полцијата.
По целосното документирање на настанот, против шумарот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.