ПОЛЈАЦИТЕ СЕ БЕСНИ НА ИЗЈАВАТА НА ТРАМП ЗА ДРОНОВИТЕ Не беше грешка, туку руска провокација, реагира Сикорски

Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски остро реагираше на проценката на Трамп. Не, не беше грешка, напиша тој на социјалните мрежи, алудирајќи на тоа дека Русија намерно го нарушила воздушниот суверенитет на земјата.

1,079

Упадот на руски дронови во Полска може да бил грешка, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, што предизвика бес и реакции кај полските политичари јави Ројтерс.

– Можеше да биде грешка – рече Трамп пред новинарите, додавајќи дека не е задоволен од ништо во целата ситуација, но дека се надева дека ќе заврши.






Коментарот на Трамп дојде откако полските власти потврдија дека 19 руски беспилотни летала го повредиле воздушниот простор на Полска за време на масовен напад врз Украина.

 

Министерот за надворешни работи Радослав Сикорски остро реагираше на проценката на Трамп.

„Не, не беше грешка“, напиша тој на социјалните мрежи, алудирајќи на тоа дека Русија намерно го нарушила воздушниот суверенитет на земјата.

Инцидентот ја засили дебатата околу колективната безбедност во Алијансата. Полска го активираше Член 4 од Договорот на НАТО, барајќи консултации поради заканата. Членот 4 не ги обврзува членките на НАТО на колективен одговор.

Во меѓувреме, Полска ја затвори граница со Белорусија поради големата заедничка воена вежба „Запад 2025“ на Русија и Белорусија која започна во петокот, 12 септември, jави Ројтерс. Вежбата ќе вклучува маневри во двете земји и во Балтичкото и во Баренцовото Море, соопшти руското Министерство за одбрана.

Полскиот министер за внатрешни работи Марчин Киервински на синоќешниот брифинг одржан во близина на границата со Белорусија, изјави дека воената вежба е директно насочена против Полска и против Европската унија.

Воената вежба „Запад“ се одржува на секои четири години, а Европа внимателно ја следи повеќе од една деценија.

Поврзани содржини