ПОКАЖУВАЊЕТО НА ПЕНИСОТ ГО ЧИНЕШЕ МАСК 10 МИЛИЈАРДИ Се „олесни“ најбогатиот човек во светот
Сепак, вестите за сексуално недолично однесување на Маск и поврзаните финансиски последици се само последниот инцидент во долготрајниот пад на неговото богатство од почетокот на оваа година. Според проценките на Блумберг, тој веќе изгугил 69 милијарди долари годинава.
Наводното покажување на пенисот на стјуардеса во 2018 година која потоа го тужеше за оштета Илон Маск не го чинело само 250.000 долари, колку што неговата компанија СпејсИкс веднаш ѝ исплатила на жената, туку цели 10 милијарди долари од неговото нето богатство, пишува БизнисИнсајдер. Од 212 милијарди сега тој има само 201 милијарда.
Се работи за акциите на компанијата „Тесла“ која исто така Маск ја поседува, а кои „се струполија“ за еден ден во петокот. Блумберг анализираше дека поддржувачите на „Тесла“ се плашат од „ризик од клучниот човек“, а тоа е Маск.
Маск поседува околу 47 отсто од СпејсИкс. Минатата недела се проценуваше дека компанијата достигна вредност од 125 милијарди долари. Но, тоа е приватна компанија, и како таква, нејзиното вреднување не се менува многу од ден на ден.
Успешноста на акциите на Тесла на јавните пазари има најзначајно влијание врз богатството на Маск. Според Би-Би-Си, Маск поседува околу 15 тосто од компанијата. Откако се појавија вести за обвинувањата, цената на една акцијата на Тесла падна за 6,4 отсто.
Сепак, вестите за сексуално недолично однесување на Маск и поврзаните финансиски последици се само последниот инцидент во долготрајниот пад на неговото богатство од почетокот на оваа година. Според проценките на Блумберг, тој веќе изгугил 69 милијарди долари годинава.
Освен секс-скандалот, влијание на падот на акциите на Тесла имаше и глобалната криза поради која имаше огромна распродажба на акции. Последната нишка во низата беше најавата на Маск дека ќе го купи Твитер. Инвеститорите добија впечаток дека Маск ќе се расејува и нема да посветува доволно време на Твитер, па само минатата недела акциите на Тесла паднаа 14 отсто, бришејќи неверојатни 110 милијарди долари од пазарната вредност на компанијата.