ПОГРЕШНО ГИ СФАЌАМЕ ПОРАКИТЕ НА ВАЈБЕР Секој втор човек се мачи да ги протолкува

По сè изгледа кога сме во дигиталниот свет, не можеме ни да се смееме како што треба. Имено, дури 41 отсто од луѓето не разбрале нечија шега на вистински начин, а 42 отсто од нив не можеле да откријат сарказам, што сигурно немало да се случи доколку муабетеле лице в лице.

560

Речиси секој втор човек има проблем да протолкува што сакал неговиот соговорник да каже преку порака на Вајбер или друга мрежа, а секој трет возрасен прекинал контакт со лице затоа што погрешно сфатил одреден смс, пост, коментар … Ново истражување на 2.000 испитаници вели 75 од 100 луѓе, сепак, претпочитаат разговор лице в лице, пишува Новости.

Пораките немаат боја на глас или израз на лицето, а четири од десет луѓе можат со часови да размислуваат за нечии зборови или тон, обидувајќи се да сфатат каква емоција се крие зад нив. Секој петти погрешно претпоставил дека некој е лут затоа што не го протолкувал текстот на преписката на вистински начин.






Светот се наоѓа во ситуација како во поговорката „што сакаше писателот да каже?“

фото: pixabay.com

 

Дали тоа значи дека технологијата нè отуѓува? Ако ништо друго таа прави да имаме проблеми во комуникацијата. За да го спречат тоа да се случи, 23 од 100 луѓе во истражувањето решиле да им кажат на сите дека мора да го кажат тоа лично, дури и ако тоа би значело да чекаат со недели за разговор. Повеќе од три четвртини од испитаниците (75 отсто) веруваат дека разговорот лице в лице е најдобриот начин за комуникација бидејќи може да спречи можни недоразбирања.

– Личната комуникација ни овозможува да го разбереме тонот, да внимаваме на говорот на телото и подобра поврзаност, намалувајќи го чувството на фрустрација, депресија и анксиозност, што често се јавува поради погрешна комуникација – изјави британската докторка Хилари Џонс.

А по сè изгледа кога сме во дигиталниот свет, не можеме ни да се смееме како што треба. Имено, дури 41 отсто од луѓето не разбрале нечија шега на вистински начин, а 42 отсто од нив не можеле да откријат сарказам, што сигурно немало да се случи доколку муабетеле лице в лице.

Поврзани содржини