📽 ПОГОДОКОТ КОЈ СИТЕ ГО ЧЕКАА Вака Мбапе го започна животот во Мадрид

Мбапе дојде во Реал Мадрид ова лето од ПСЖ и е најголемиот трансфер во преодниот рок.

684

Познатиот фудбалер Килијан Мбапе со гол го започна својот фудбалски живот во Мадрид. Ѕвездата на Реал Мадрид го даде првенецот на деби-настапот во Суперкупот на УЕФА против Аталанта.

Се играше 68. минута кога по една акција Винисиус беше несебичен, го проигра Белингем, а тој во казнениот простор го пронајде Килијан Мбапе, кој ја покажа голгетерската класа и биеше во горниот дел од голот на калчолигашот.







Напаѓачот на Реал Мадрид, Килијан Мбапе му се заблагодари на Џуд Белингем за неговата асистенција во синоќешната победата од 2:0 над Аталанта во Суперкупот на УЕФА.

– Главната работа за напаѓачот во шеснаесетникот е постојаното движење. Не можете да застанете бидејќи ситуацијата се менува во зависност од тоа што правата соиграчите. Секогаш треба да внимавате што прави Белингем. Истрча налево, па повторно се префрли под десно, па јас го сменив правецот на движење и чекав, но не застанав. Тој направи одлично додавање, по што веднаш ја испратив топката во мрежата – го цитира Мбапе прес-службата на УЕФА.

Инаку фудбалерите на Реал Мадрид триумфираа во европскиот Суперкуп, откако вечерва во Варшава пред 56.402 гледачи ја совладаа Аталанта со 2-0 (0-0), освојувајќи го ова натпреварување на УЕФА по рекорден шести пат.

Реал до својот прв трофеј во новата сезона дојде со головите на Федерик Валверде во 59 минута и Килијан Мбапе, кој во 68 минута го постигна дебитантскиот гол за својот нов клуб во кој дојде ова лето од ПСЖ.

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ, кој влезе на теренот во 76 минута, испиша историја и стана најтрофејниот играч на Реал Мадрид, освојувајќи го својот 27 трофеј во дресот на Кралскиот клуб.

За Реал ова е шести трофеј во Суперкупот на УЕФА кој шпанскиот клуб претходно го освојуваше во 2002, 2014, 2016, 2017 и 2022.

Од друга страна, Аталанта прв пат во својата клупска историја играше за трофејот во европскиот Суперкуп, чие прво издание се одржа во 1973 година кога прв победник беше Ајакс

Поврзани содржини