📷 ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН ДАДЕ БЛАГОСЛОВ Жителите на Кисела Вода добиваат нова црква
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и г.г. Стефан денеска ја посетија малата црква во која со донации од добронамерни луѓе, интензивно се работи на фрескоживописот и околу која ќе има уреден парк. Ја посетија и црквата ,,Св. Петка” која следната година одбележува еден век постоење и каде ќе биде извршено партерно уредување и санација на самата црква.
Со благослов од архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, жителите на Општина Кисела Вода ќе добијат црква во близина на објектот на општината.
Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и г.г. Стефан денеска ја посетија малата црква во која со донации од добронамерни луѓе, интензивно се работи на фрескоживописот и околу која ќе има уреден парк. Ја посетија и црквата ,,Св. Петка” која следната година одбележува еден век постоење и каде ќе биде извршено партерно уредување и санација на самата црква.
– Денеска е голем за жителите на Кисела Вода! На моја огромна чест и задоволство, заедно со архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан извршивме обиколка на црквичката која се наоѓа во непосредна близина на општината и каде што, по долги години, конечно добивме благослов ова долгогодишно барање на жителите, да имаат своја црква, станува реалност – рече градоначалникот Ѓорѓиевски.
Тој информира дека во овој момент се работи на фрескоживописот во самата црква, кој се изработува со донации од верниците и луѓето со добра волја, а околу храмот ќе има убав парк во кој верниците ќе можат да го поминат своето слободно време, и како што посочи, да бидат поблиску до Бога.
– Ја посетивме и црквата „Св. Петка” која следната година слави првиот век постоење и каде што, со Божја помош и промисла ќе извршиме партерно уредување и санација на самата црква. Црквата е наш дом, наше тивко засолниште, таа е училиште на верата и моралниот живот и токму затоа мора да ја почитуваме и сите заедно да придонесуваме – изјави градоначалникот Ѓорѓиевски.