ПОЕВТИНА СТРУЈА САМО ЗА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ, ПУМПНИТЕ СТАНИЦИ И УЧИЛИШТАТА Првите договори треба да се потпишат до 10 ноември

Компаниите, претпријатијата и училиштата можат да ги симнат потребните документи од интернет страната на ЕСМ и треба електронски да ги поднесат.

500

До 10 ноември сите заинтересирани компании од прехранбениот сектор, водоснабдителните претпријатија и училиштата треба да ги поднесат документите за потпишување на договорите за снабдување со струја од ЕСМ според последната мерка на владата за субвенцинирана струја.

– Физичките и правните лица од прехранбениот сектор ќе добиваат струја по цена од 80 евра за мегаватчас, додека водостопанските претпријатија и училиштата по цена од 95 евра за мегаватчас. Оваа струја е наменета само за производствените погони, пумпните за довод на вода и пречистителните станици и училиштата. Другите делови од компаниите и претпријатијата ќе плаќаат струја по пазарна цена  – соопшти премиерот Димитар Ковачевски на денешната прес конференција.






Овие потрошувачи на субвенционирана струја ќе ја користат повластената цена до 30 април следната година, а договорите ќе ги потпишуваат секој месец со важност од први во месецот до први во следниот месец. Ќе се потпишуваат од први до 10-ти во тековниот месец. За корисниците кои се приклучени на снабдувач во краен случај рокот за поднесување документи е  20-ти во месецот

Документите кои треба да ги пополнат компаниите, училиштата и водостопанските претпријатија се веќе оставени на интернет страната на ЕСМ, а нивното поднесување се врши електронски.

Поврзани содржини