Подведувала девојче за секс и ѝ ги земала парите, му го одзел возилото откако се судриле
ОТКАКО СЕ СУДРИЛЕ, МУ ГО ОДЗЕЛ ВОЗИЛОТО На 16.09.2020 во 21.20 часот во СВР Битола било пријавено дека на булевар „Први мај“ во Битола се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“, со битолски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(37) од Битола и патничко возило „фолксваген голф“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(58) од Битола. Според пријавеното, потоа В.Т. со закана со остар предмет го одзел возилото на Д.Т., но набргу бил фатен и лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесе соодветен поднесок.
МАЖ НАПАДНАЛ ДВАЈЦА ТИНЕЈЏЕРИ На 16.09.2020 во 21.05 часот во СВР Скопје, Д.И.(37) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот пред угостителски објект на крстосница од ул.„Симеон Кавракиров“ и ул.„Фрањо Клуз“, неговиот 15-годишен син и уште еден 14-годишник, поради претходно недоразбирање, биле физички нападнати од Д.П.(35) од Скопје. Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
СОСЕДОТ ГО ПОВРЕДИЛ ПО РАЦЕТЕ На 16.09.2020 во 20.00 часот во СВР Скопје, Т.Т.(68) од Скопје пријавил дека околу 16.40 часот во неговиот дом на улицата Димо Хаџи Димов бил физички нападнат од соседот Д.Т., кој притоа користел и остар предмет и му нанел повреда на рацете. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ДЕВОЈКА УКРАЛА ПАРИ ОД АПТЕКАРКА СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.И.(27) од селото Вруток, Гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“. На 29.08.2020 во аптека на улицата Видое Смилевски Бато во Тетово, пријавената со закана од вработената одзела пари.
ПОДВЕДУВАЛА ДЕВОЈЧЕ И Ѝ ГИ ЗЕМАЛА ПАРИТЕ СВР Велес поднесе кривична пријава против Н.Д.(20) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „детска проституција“. Во периодот од 04.07. до 13.07.2020 пријавената во повеќе наврати подведувала 15–годишно девојче да дава сексуални услуги на повеќе локации во Скопје и во Велес, а паричниот износ кој го добивала за услугите ѝ го одземала. На 13.07.2020 девојчето го пријавило настанот, по што биле преземени мерки.
ЈА ОБЉУБИЛ ЌЕРКА Ѝ На 16.09.2020 во 14.30 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека истиот ден Б.М. извршил обљуба врз нејзината 17-годишна ќерка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
ЈА ПОВРЕДИЛ СОПРУГАТА СВР Скопје – Единица за насилен криминал поднесе кривична пријава против В.Д.(40) од Тетово, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „телесна повреда“. На 30.08.2020 во семејниот дом и на 01.09.2020 на улицата Васко Карангелевски во Скопје, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга. По преземени мерки тој бил лишен од слобода.