ПОДОЛГО ПАТУВАА ОТКОЛКУ ШТО РАБОТЕА Германските експерти за еден ден го завршија увидот во опожарената болница во Тетово
Собраните докази ќе се вештачат во лабораториите во Германија, а резултатите од вештачењето и анализите ќе бидат доставени во Јавното обивнителство во Тетово.
Германските крим-техничари за само еден ден го завршија увидот во опожарената модуларна болница во Тетово која денеска остана само под силното полициско обезебдување, потврдило Јавното обвинителство за ТВ24.
Како што пренесе телевизијата, собраните докази ќе се вештачат во лабораториите во Германија, а резултатите од вештачењето и анализите ќе бидат доставени во Јавното обивнителство во Тетово.
Инаку, тимот од германски експерти во средата пристигна во Тетово, а составен беше од четворица експерти – двајца крим-техничари и форензичари за истражување пожари, како и двајца крим-техничари и форензичари за ласерско мерење на простории и за фотографирање.
Во пожарот што избувна пред една недела во модуларната болница во Тетово животот го загубија 14 лица.