ПОДОБРО ЅИД ОД ДРОНОВИ ОТКОЛКУ СКАПИ РАКЕТИ, ВЕЛИ РУТЕ Генсекот на НАТО го навести идниот проект на Европа

Генсекот на НАТО потенцира дека не може да се трошат ракети вредни милиони евра за да се користат против дронови кои чинат само неколку илјади евра. Одбраната мора да биде паметна и економична, но и континуирана.

301

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, при пристигнувањето на седница на Европската комисија, јасно стави до знаење зошто Aлијансата го засилува надзорот врз воздушниот простор.

Последните настани со беспилотните летала во Полска, Естонија, Данска и во Германија не се случајни, пишува познатиот бриселски медиум.






„Ѕидот од дронови“, како што го нарекуваат европските функционери, не е само технички проект, туку симболична линија меѓу военото и цивилното небо на Европа.

– Видовме што се случи во Полска, со МиГ-31 во Естонија, а сега и со дроновите во Данска. За Данска сè уште проценуваме кој стои зад нападот, но во случаите на Полска и Естонија, јасно е, тоа се Русите. Дури и да не било намерно, останува фактот дека тоа е неодговорно и неприфатливо – изјави Руте, придружуван од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Генсекот на НАТО потенцира дека не може да се трошат ракети вредни милиони евра за да се користат против дронови кои чинат само неколку илјади евра. Одбраната мора да биде паметна и економична, но и континуирана.

Одбраната мора да биде паметна и економична, но и континуирана, се вели во официјалниот транскрипт од изјавата на страницата на НАТО.

„Ѕидот на дронови“ не е изолирана иницијатива, туку дел од пошироката координација меѓу НАТО и Европската Унија. Руте истакна:

– НАТО поставува стандарди, ЕУ обезбедува средства и индустриска поддршка. Така се гарантира стабилна логистика за поддршка на Украина и за европската безбедност воопшто.

Поддршката за Украина, според Руте, е повеќе од стратегија, тоа е морална и практична обврска.

– Украина е нашата прва линија на одбрана. Клучно е Украинците да издржат во борбата, затоа што од нивната отпорност зависи и нашата колективна безбедност – додаде тој.

На крај, Руте подвлече дека Европа и НАТО делуваат заеднички, без простор за паралелни или спротивставени иницијативи.

– Работиме заедно за да ја искористиме силата на едниот во корист на другиот. Само така можеме да гарантираме мир – рече генералниот секретар на НАТО.

Поврзани содржини