ПОДОБРО Е ДА СЕ ОДЛОЖИ СЕГА, ОТКОЛКУ ДА СЕ ТАГУВА СЗО апелира да се откажат прославите и патувања за празниците

Според СЗО, ковид пандемијата може да заврши идната година, но само доколку 70 проценти од глобалната популација би била вакцинаирана со две дози до средината на 2022 година. Досега 48% од светската популација е целосно вакцинирана, но имунизацијата претежно се одвива во поразвиените држави.

785

Подобро откажани прослави отколку изгубен живот. Поради страв од дополнително ширење на омикронм СЗО повика на откажување на празничните прослави и патувања за да се заштити јавното здравје. Во многу држави омикрон е веќе доминантна ковид варијанта, а ги напаѓа и вакцинираните и прележаните.

– На сите ни се гади од оваа пандемија. Сите ние сакаме да поминување време со пријателите и семејството. Сите сакаме да се вратиме во нормала. Најбрзиот начин да го направите ова е сите ние, лидерите и поединците да ги донесеме тешките одлуки што мора да се донесат за да се зашититиме себеси и другите. Во некои случаи тоа значи откажување или одложување на прослави и собири. Но откажан собир е подобро од загубен живот. Подобро е да се одложи сега и да се прослави подоцна, отколку да се прослави сега и да се тагува подоцна истакна директорот на СЗО – изјави Тедрос Гебрејсус.






Во меѓувреме научниците соопштија дека откриле два нови симптоми на омикрон – намален апетит и ноќно потење. Според СЗО, ковид пандемијата може да заврши идната година, но само доколку 70 проценти од глобалната популација би била вакцинаирана со две дози до средината на 2022 година. Досега 48% од светската популација е целосно вакцинирана, но имунизацијата претежно се одвива во поразвиените држави.

Поврзани содржини