ПОДНЕСЕНО ОБВИНЕНИЕ ПРОТИВ СКОПЈАНЕЦОТ КОЈ СО ЧАДОР ЈА ПРЕТЕПА СОПРУГАТА Ќе му се суди за семејно насилство

Oбвинителот  бара судот да му го продолжи притворот.

84

Скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторено  кривично дело  „телесна повреда при вршење семејно насилство“ и побара продожување на притворот за него.

Обвинителството соопшти дека тој во алкохолизирана состојба ја удирал со чадор и се обидел да ја задави  својата сопруга.






„Во семејниот дом на улицата ,,Бутелска“, на 20 јуни,  тој најпрво влегол во спалната соба каде се наоѓала оштетената, и се доближил држејќи чадор во раката и започнал агресивно да ја навредува. Откако жртвата се повлекла кон дневната соба тој започнал да ја влече, и задал удар со чадорот по главата и таа паднала на под. Во тој момент обвинетиот започнал да ја дави и продолжил да ја удира со чадорот по целото цело, а таа обидувајќи се да се оттргне од него, повредена се влечела по подот до ходникот. Се доближила до влезната врата од куќата која била отворена, по што успеала да излезе надвор и да повика полиција“, се наедува во соопштението..

Oбвинителот бара судот да му го продолжи притворот.

КРВНИЧКИ ЈА ТЕПАЛ СОПРУГАТА СО ЧАДОР, ПРСКАЛО КРВ НА СИТЕ СТРАНИ Семејно насилство во Бутел

 

Поврзани содржини