ПОДМЕТНАЛ 2 ПОЖАРА КАЈ ДЕМИР КАПИЈА, ГО УАПСИЛЕ За 71-годишникот следува кривична пријава

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија. Истиот ден, кон 15 часот предизвикал пожар во близина на местото.

338

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 18 часот го лишиле од слобода Н.М.(71) од Демир Капија поради сомнение дека во два наврати предизвикал пожари.

Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека во 10 часот предизвикал пожар на место викано „Горна Лака“ во близина на Демир Капија, од кој биле зафатени сува трева, нискостеблеста шума и два лозови насади.






Исто така, тој се сомничи дека околу 15 часот во близина на истото место предизвикал пожар од кој биле зафатени шума и земјоделска површина.

Пожарите биле изгаснати од екипа на Територијалната противпожарна единица Неготино, а повредени лица нема.

Н.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини