ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СКАП ШОПИНГ! „Луј Витон“ наскоро доаѓа во Србија

Продавницата која ќе биде лоцирана во комплексот „Белград на вода“ треба да се отвори до 2026 година.

1,101

Луксузниот моден бренд  „Луј Витон“ ќе отврои продавница во Белград до 2026 година. Ова го најави српскиот претседател по посетата на Франција каде што договори и купување на воените авиони Rafale и летечки автомобили .

Продавницата ќе биде лоцирана во комплексот на згради наречен „Белград на вода“.






-Да бидам целосно искрен, се надеваме дека до 2026 година Луј Витон конечно ќе дојде во Србија, во Белград на вода и тогаш ќе ги решиме сите тие проблеми – изјави Вучиќ.

Тој се надева дека по доаѓањето на овој бренд ќе значи и „доаѓање на сите големи“, а тоа за Србија би значело огромен финансиски и туристички прилив.

Српските медиуми, меѓутоа коментираат дека иако е  добра вест за љубителите на шопингот, реалноста е дека повеќето „обични“ граѓани, покрај Луј Витон, ќе можат само да поминат и да го погледаат излогот. Оне побогатите сепак ќе можат да купуваат во оваа продавница.

А какви цени има овој бренд? Ако погледнете на официјалната веб-страница на брендот може да се види дека најевтиниот пар патики Луј Витон чини 750 евра, но зависно од моделот може да најдете и патики од 1350 евра.

Нема чанти за помалку од 1250 евра, а најскапата е 8.000 евра. Паричниците чинат од 460 до дури 1.200 евра, додека за помали димензии, во кои може да се сместат картички и евентуално мала сума готовина, потребни се од 370 до 880 евра.

Што се однесува до облеката, фустаните се движат од 950 до неверојатни 29.000 евра , додека маиците и кошулите се меѓу 500 и дури 23.000 евра. Здолништата од 1.400 одат до највисоката цена од 8.500 евра, а панталоните  од 1.300 до 8.500 евра.

Сандалите чинат од 850 до 1.300 евра, додека додека елегантните чевли чинат меѓу 850 и 1.400 евра.

Овој луксузен бренд нуди и накит, па еден пар обетки чини од 300 до 890 евр, додека цените на синџирчињата се движат од 410 до 1.780 евра .

Марамите и шаловите чинат од 340 до 1.950 евра, а ремените од 410 до 1.100 евра. Секој што сака да купи очила за сонце во овој луксузен бутик треба да подготви од 380 до 700 евра.

Поврзани содржини