ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВИТЕ ТАКСИ ЗА ПРЕСТОЈ ВО ГРЦИЈА Еве што треба да знаете
Според пишувањето на грчките медиуми овој данок или такса се наплаќа од гостите од сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција. се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица (соба) – не по лице.
Во Грција од 1 јануари стапи на сила данокот за отпорност на климата (одржливост) кој ја замени досегашната такса за престој.
Според пишувањето на грчките медиуми овој данок или такса се наплаќа од гостите од сите хотели, вили, апартмани, студија и соби за изнајмување во Грција. се пресметува како фиксен износ на ден и по сместувачка единица (соба) – не по лице.
Како и досега, во повеќето хотели и сместувачки комплекси, данокот се наплаќа посебно за гостите и не е вклучен во цената на одморот. Во некои сместувачки капацитети, сопствениците го презеле овој трошок на себе, па со нив данокот е веќе вклучен во цената и не се наплаќа дополнително.
Во зависност од видот на сместувањето, тоа изнесува: 2 евра по соба на ден за хотели со 1-2 ѕвезди, соби, студија, апартмани (стара цена 1,5 евро), 5 евра на ден за хотели со 3 ѕвезди (стара цена 3 евра), 10 евра за хотели со 4 ѕвезди (стара цена 7 евра), 15 евра во хотели со 5 ѕвезди, 8 евра за посебни вили помали од 80м2 и 15 евра за вили поголеми од 80м2
Надоместокот за климатски отпор не се плаќа во камповите.
На секој турист сопственикот или управителот на сместувањето или хотелот треба да му издаде потврда за износот на овој данок, такса која содржи: датум на издавање, име на лицето на кое му е издадено сместувањето, датуми на престој, износ на надомест.
Не е познато дали овие потврди ќе бидат проверувани од властите кај хотелот или на граничните премини кај туристите.
Грција исто така ги промени и висината на таксата за крстарење. Таа ќе изнесува 20 евра за патниците кои се симнуваат на Миконос и Санторини и 5 евра за другите пристаништа, а цените важат од 1 јуни до 30 септември 2025 година. Таксата ќе биде намалена на 40%, т.е. на 12 и 3 евра во април, мај и октомври и за 80% од ноември до март, односно на 4 евра и 1 евро.
Истовремено Грција од оваа година воведе нови правила за изнајмување на станови и други недвижнини.
Дополнително секој турист од годинава кога се очекува да почнат да важат европските правила за престој ќе треба да биде подготвен да плати и плус 7 евра за тоа.