ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ЧЕКАЊЕ НА ГРАНИЦА, АКО ПАТУВАТА ЗА ГРЦИЈА На Богородица се чека 30 минути

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

321

На ГП Богородица времето на чекање за излез од државата изнесува околу 20-30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Оттаму информираат и дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, а сообраќајот  се одвива непречено, по наместа влажни коловози.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини