Подгответе се, ветрот попладнево ќе донесе дожд и невреме!
Промената на времето ќе настапи попладнево, со засилен ветер, јужен и југозападен, кој може да достигне и до 70 километри на час.
Дежурниот синоптичар на Управата за хидрометеоролошки работи за Плусинфо го потврди претходно издаденото предупредување дека денеска во вечерните часови и во текот на утрешниот ден се очекува невреме, со силен ветер, поројни врнежи и грмежи во некои делови од земјата и намалување на температурите во текот на утрешниот ден.
Метеоролозите во Србија и во Хрватска исто така најавија олујно невреме во текот на денот, силни врнежи, појава на град, но и силен ветер.
– Промената на времето ќе настапи попладнево, со засилен ветер, јужен и југозападен, кој може да достигне и до 70 километри на час. Во текот на попладневните часови ќе настапи зголемена облачност, а понекаде, особено во планинските предели, може да се очекуваат грмежи и врнежи. Кон крајот на денот, посебно во северните делови на земјата, во некои делови може да се очекуваат поројни дождови. Влажниот бран во текот на ноќта ќе ја зафати целата земја, а во текот на утрешниот ден (петок, 9 мај) ќе имаме зголемена облачност и нестабилност насекаде. Температурите ќе опаднат за 4 до 5 степени – велат од УХМР.