ПОДГОТВЕН СУМ ДА ГО ВЛОЖАМ НАЈДОБРОТО ОД СЕБЕ Кондовски има визија за Битола

Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее. Град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен.

303

Лично сум подготвен да го вложам најдоброто од себе, да го инспирирам најдоброто во сите нас – заедно, чекор по чекор, да го оствариме најдоброто за нашата Битола, порача бизнисменот и кандидатот за градоначалник на Битола од СДСМ, Христо Кондовски.

– Битола ја замислувам како развиена и перспективна Општина во која вреди да се живее, да се работи и создава, тука да се основа семејство, да се твори и спокојно да се старее. Град полн со живот, чист и раздвижен, економски развиен, урбанистички современ, инфраструктурно обновен.






Битола во која спортот и рекреацијата се секому на дофат, а професионалните спортски клубови – национална гордост. Град, привлечна туристичка дестинација, кој пулсира во духот на културата и забавата.

Тоа е мојата визија, тоа е нашата визија, а за истата е изработена досега најплодната локална изборна програма која извираше од реалните потреби на граѓаните и потребата за севкупен локален развој.

Денес ги претставувам и ви ги ветувам 10-те топ проекти кои ги отсликуваат контурите на визијата за поубава Битола. Истите се проследени со десетици други проекти содржани во програмата кои драстично ќе го подобрат животот во Битола.

Но, не само тоа, ви ја ветувам и целата моја енергичност, знаење, храброст и искуство, како и неколкукратно зголемување на општинската ефикасност и ефективност.

Оние кои добро ме познаваат, знаат – Тоа што ветувам – тоа го исполнувам! Кај мене зборот е збор – рече Кондовски.

Тој денеска на почетокот на кампањата за локалните избори ги промовира 10-те топ проекти за Битола од неговата изборна програма.

 

Поврзани содржини