ПОДДРЖУВАЧИ И ВЕТЕРАНИ НА УЧК ЌЕ МАРШИРААТ ВО СКОПЈЕ Ахмети се оглуши на повиците на Мицкоски да размисли што прави

„Плоштадот Скендербег во Скопје ќе биде моќниот глас на граѓаните кои бараат правда за нашите ослободители“ – напиша Ахмети во пост на Фејсбук на англиски јазик.

1

Лидерот на ДУИ Али Ахмети потврди дека, по Приштина и Тирана, сега и во Скопје ќе се организира протест на кој ќе се бара „вистина и правда за водачите на ОВК“ на кои им се суди за воени злосторства во Хаг.

„Плоштадот Скендербег во Скопје ќе биде моќниот глас на граѓаните кои бараат правда за нашите ослободители“ – напиша Ахмети во пост на Фејсбук на англиски јазик.






„Војната на Ослободителната војска на Косово беше и останува праведна, ослободителна и поддржана од демократскиот свет. Правдата за борците за слобода не може да се гради врз политички обвинувања, измислици и измислени докази од страна на Србија и Русија.

Како што стоевме рамо до рамо со борците на ОВК во Приштина и Тирана, така ќе стоиме и во Скопје, горди, решителни и непоколебливи во одбрана на нашата вистина, објективната вистина“, се наведува во најавата на Ахмети.

Намерите на Ахмети да организира протест во Скопје за поддршка на обвинетите за воени злосторства од УЧК ги критикуваше премиерот Христијан Мицкоски на брифинг со нивнарите.

Мицкоски го повика Ахмети да се откаже од протестот и оцени дека ваквиот чекор ќе го изолира лидерот на ДУИ на политичката сцена. Тој тврдеше дека протестот е мотивиран од внатрепартиски пресметки пред конгресот на ДУИ и предупреди дека ваквите потези можат да создадат дополнителни тензии.

Мицкоски изјави дека, според информациите што ги добива, на протестот би можеле да се приклучат групи од Косово и Албанија, како и неколку помали радикални структури од земјата. Тој додаде дека не очекува поддршка за протестот од коалициската групација „Вреди“, ниту пак позитивен сигнал од меѓународната заедница.

Во меѓувреме претставници на ОВК-УЧК од Косово го потврди своето учество во протестот во Скопје.

Настанот е закажан за 13 декември во 13 часот, со најавен марш кон плоштадот „Скендербег“.

 

Поврзани содржини