ПОДАТОЦИТЕ БИЛЕ ЛАЖИРАНИ Захариева смета дека требало да бидат попишани и Бугарите надвор од Македонија
Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани на Македонија добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари, напиша Захариева во својата објава.
Поранешната министерка за надворешни работи на Фејсбук напиша дека резаговарала со организациите на Бугарите во Македонија кои сметаат дека податоците се фалсификувани.
Податоците според кои во РС Македонија има само 3.504 Бугари се фалсификувани и здруженијата на Бугарите во земјава наскоро ќе излезат со официјален став. Ова на Фејсбук го напиша поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Екатерина Захариева, истакнувајќи дека за резултатите од пописот разговарала со организиациите на Бугарите во Македонија.
– Најчудно е што не се бројат Бугарите кои се надвор од државата, за разлика од другите етнички групи. Не треба да заборавиме дека во последните 15 години 86.566 граѓани на Македонија добиле бугарско државјанство, изјавувајќи пред нашите власти дека се идентификуваат како Бугари – напиша таа во својата објава.
– За жал, уште еднаш сме сведоци на старата државна политика – дискриминација на Македонците со бугарска самосвест и обид за нивно маргинализирање – додаде Захариева.
Таа понатаму вели дека ваквото мешање во правото на самоопределување е апсолутно неприфатливо и е во спротивност со вредностите на Европската Унија и дека крајно време е „да сфатат дека Бугарите во Северна Македонија не се закана, туку мост меѓу нашите две земји“.