Под микроскоп снимен моментот на зараза со ковид-19

403

Експерти од бразилската Фондација „Освалдо Круз“ под силен електронски микроскоп го забележале моментот кога коронавирусот ковид-19 ја напаѓа и ја заразува здравата клетка.

За истражувањето научниците користеле клетки на африкански мајмун, кој живее во Етиопија и во Судан и кој често се користи во научните студии како замена за човечките клетки.






Научниците го забележале моментот кога ковид-19 се обидува да ја зарази цитоплазмата на клетката во која се наоѓа генетскиот материјал, како и моментот на самата зараза. Црните дамки на сликата го отсликуваат вирусот.

Користени се вируси изолирани од примероци земени од нос и грло на заразен пациент.

 

Поврзани содржини