Под „гас“ правеле нереди во ресторани, баба пријавила обид за силување

Малолетници физички ги нападнале своите врснички и сакале да извршат обљуба.

597

ГО ИСПРСКАЛЕ СО СПРЕЈ И ГО НАПАДНАЛЕ – На 27.08.2020 во 21,00 часот било пријавено дека во Виница, на место викано „Бојаџиски бунар“  Г.П.(28) и А.А.(24) двајцата од Виница, извршиле кривично дело „насилство“, на тој начин што првин Г.П. со спреј-солзавец го испрскал Н.В.(27) од Виница, а потоа А.А. се обидел со нож на расклопување да го нападне. А.А. ја скршил шофершајбната и ја оштетил левата страна на возилото на Н.В.. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Виница. Се работи на расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР – На 28.08.2020 во 01,00 часот било пријавено дека во с.Лешок во кругот на манастирскиот комплекс бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишник од Тетово од една страна и Д.А. од Тетово од друга страна. По кратко време повторно бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу 17 годишникот и С.Д.(20) од Тетово и други две непознати лица. При преземање мерки, со повреди се здобиле и полициски службеници од Полициското одделение Теарце. Во врска со настанот лишени од слобода биле С.Д.(20) од Тетово и 17 годишник од Тетово. За настанот бил известен Јавен обвинител. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Тетово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






СЕ ЗАПАЛИЛА МЛЕКАРА – На 28.08.2020 во 05,20 часот во с.Ногаевци-Велес, било пријавено дека настанал пожар во млекара. Од страна на Територијалната противпожарна единица-Велес пожарот бил изгаснат.

МАЛОЛЕТНИЦИ СЕ ТЕПАЛЕ НА ИГРАЛИШТЕ – На 27.08.2020 во 21,00 часот било пријавено дека во с.Визбегово-скопско на фудбалското игралиште 14 годишник од Скопје бил физички нападнат од неколку малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот.

НАПАДНАТ КАСИЕР ВО КАЗИНО – На 28.08.2020 во 00,10 часот било пријавено дека во Скопје на ул.“Бутелска“ во казино С.Б.(21) од Скопје вработен како касиер бил физички нападнат од З.К. Се работи на расчистување на случајот.

13 ГОДИШНО ДЕТЕ ИЗЛЕГЛО ОД ДОМОТ И НЕ СЕ ВРАТИЛО – На 27.08.2020 во 09,00 часот во Полициската станица Карпош од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се оддалечил Р.Џ.М.(13) од Куманово кој претходно во неколку наврати го напуштал домот. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

МАЛОЛЕТНИЦИ САКАЛЕ ДА ИЗВРШАТ ОБЉУБА ВРЗ ПОЗНАНИЧКИ – На 27.08.2020 во Полициската станица Карпош две жени пријавиле дека нивните малолетни ќерки биле физички нападнати од тројца нивни познаници С.М., Д.Г и Н.М., кои се обиделе и да извршат обљуба врз нив. Според пријавата настанот се случил во станот на С.М.  во временскиот период меѓу 00,30 до 05,00 часот на 27.08.2020 каде што претходно телефонски биле повикани двете малолетнички. Се работи на расчистување на случајот.

ТЕПАЧКА ВО КАЗИНО ВО ДЕБРЕШТЕ – На 27.08.2020 во 15,00 часот во Полициско одделение Ропотово Д.Р.(41) од с.Зрзе-прилепско пријавил дека во с.Дебреште во казино додека бил со негов пријател В.М. биле физички нападнати од Р.Д. и неговиот татко А.Д. од с.Дебреште. Се работи на расчистување на случајот.

ИСЧЕЗНАЛА 19 ГОДИШНА ДЕВОЈКА – На 27.08.2020 во 14,30 часот во ПК Демир Капија У.У.(49) од с.Корешница пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М.П.(19). Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

НАПАДНАТ ПРЕД КАФАНА – На 28.08.2020 во 01,30 часот во СВР Велес С.А.(24) од Градско пријавил дека пред угостителски објект во Градско бил физички нападнат од Ш.С. и А.С. од Градско. Се работи на расчистување на случајот.

СЕ НАЛУТИЛЕ И ГО ИСКРШИЛЕ РЕСТОРАНОТ – На 28.08.2020  во  04,15 часот, во угостителски објект лоциран на булевар „Железничка“ во Охрид, В.М.(38) и Д.Ј.(32), двајцата од селото Лешани, општина Дебарца, го нарушиле јавниот ред и мир со вербална расправија со персоналот а потоа и со  оштетување на инвентарот од објектот. Двајцата се приведени и по целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

ВОЗРАСНА ЖЕНА ПРИЈАВИЛА ОБИД ЗА СИЛУВАЊЕ – На 27.08.2020 во СВР Куманово 76 годишна жена од Куманово пријавила дека истиот ден околу 11,30 часот лице на возраст од 30 до 35 години се обидело да изврши полов напад врз неа. Се работи на целосно расчистување на случајот.

СЕ БАРА ДЕСЕТГОДИШНО ДЕТЕ ОД КАВАДАРЦИ – На 27.08.2020 во 22,30 часот во Полициската станица Кавадарци од Јавна установа за згрижување на деца било пријавено дека се оддалечил Р.А.(10) од Кавадарци. Се превземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Поврзани содржини