ПОЧУВСТВУВАЛА ЗАБРЗАН ПУЛС, ПА КОЛАБИРАЛА Славната пејачка итно хоспитализирана, состојбата ѝ сериозна

Тори Кели била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето и чука забрзано, по што се онесвестила.

229

Познатата музичарка Тори Кели во неделата е итно хоспитализирана. Таа била со пријателите во ресторан кога почувствувала дека срцето и чука забрзано, по што се онесвестила. Била хоспитализирана во блиската болница, а лекарите велат дека нејзината состојба е сериозна. Лекарите откриле згрутчување на крвта во нозете и во белите дробови и истражуваат дали има и згрутчување на крвта околу срцето.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tori kelly (@torikelly)







Пејачката Тори Кели била во ресторан во Лос Анџелес кога се пожалила на забрзан пулс. Таа колабирала, а пријателите ја однеле во болницата Седарс – Синаи во Западен Холивуд. Се вели дека несвестицата траела подолго.

Претставниците за печатот на пејачката и текстописец не сакале да коментираат за „Пејџ сикс“.

Двократната добитничка на Греми се подготвувала да издаде нов албум, откако го објави синглот „Missin U“. Поминаа три години од нејзиниот последен албум. Тори Кели беше натпреварувачка во шоуто „Американски идол“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by tori kelly (@torikelly)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини