ПОЧНУВА УПИСОТ НА УЧЕНИЦИ ВО СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА Учениците имаат 4 дена за електронско пријавување

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на МОН, со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.

126

Почнува уписот на средношколците, информира Министерството за образование и наука. Од утре, 14 јуни, до 17 јуни на полноќ е рокот за првото електронско пријавување во јунскиот рок за запишување ученици во прва година во јавните средни училишта за учебната 2025/2026 година.

Пријавувањето на учениците е со електронско аплицирање, преку линк до системот за електронски услуги на МОН https://e-uslugi.mon.gov.mk/ со посебна најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.






Откако ќе заврши електронското пријавување, ученците на 18 јуни (од 8 до 19 часот) и на 19 јуни (од 8 до 17 часот) треба да ја достават потребната документација до училиштата.

Конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места секое училиште ќе ја објави на 20 јуни 2025 година, најдоцна до 12 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет-страница. Во училиштата каде што ќе има квалификациско тестирање, тоа ќе се организира на 23 јуни 2025 година, кога ќе бидат објавени и резултатите.

Второто електронско пријавување на учениците за упис во средните училишта во јунскиот рок ќе биде на 30 јуни 2025 година од полноќ до 23:59 часот, а потребната документација до училиштата ќе се доставува на 1 јули од 10 до 19 часот. Следниот ден (2 јули) ќе биде објавена и конечната ранг-листа со резултатите од запишувањето и слободните места. Во второто пријавување во јуни квалификациско тестирање ќе се организира на 4 јули 2025.

Пријавувањето во августовскиот уписен рок ќе се врши на 21 август 2025 година од полноќ до 15 часот електронски, кога ќе биде и доставувањето на документација до училиштата, Наредниот ден (22 август 2025) училиштата ќе објават конечна ранг-листа со резултатите од запишувањето.

Во Конкурсот на Министерството за образование и наука се наведени потребните документи за запишување во јавните средни училишта, како и насоките за неговото спроведување.

Поврзани содржини