ПОЧНУВА НОВАТА СЕЗОНА НА СКОПЈЕ ТАНЦОВИОТ ТЕАТАР Вечерва ќе се одржи перформансот „Не ми ги допирај очите“ (ФОТО)
„Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето, вели кореографката Адријана Данчевска.
Денеска со почеток во 19 часот, во Музејот на современата уметност, во рамки на филмската програма „Кино-МСУ“ ќе се одржи танцовиот перформанс „Не ми ги допирај очите“ и проекција на танцовиот филм „Дома“ на Адријана Данчевска во продукција на Скопје танцовиот театар, со што започнува сезоната на настапи на компанијата.
Кореографката Данчевска во најавата за претставата вели:
– „Не ми ги допирај очите“ се поистоветува со човекот во Македонија. Го слави животот, убавото во едноставното и гневот во постоењето. (Кога ќе те снема, може повторно да те заима). Следете политика и главите кон сонцето.
Музиката за претставата ја потпишуваат Артефакт и Гордан Спасовски трио. Во перформансот настапуваат Адријана Данчевска и Дејан Битровски.
Филмот „Дома“ кореографката и режисерка Данчевска го означува како „последен пресек, консензусна реалност“. Соработници на филмот се визуелниот уметник Ивана Мојсовска, камерата е на Марко Марјановиќ и Тео Ангеловски, музиката на Claude Debussy, Fierce, Wolfgang Amadeus Mozart, Виктор Филиповски и Бојан Филиповски. Пост продукција на Адријана Данчевска, Тео Ангеловски, Ивана Мојсовска, а во филмот настапуваат Наталија Теодосиева, Дејан Битровски, Анастасија Данчевска, Сара Цветковска, Ивана Мојсовска, Адријана Данчевска, Филип Петковски, Стела Поповска, Рената Несторовска, Иван Ангелковски и Александра Велкова.
Во рамки на вечерта, покрај споментатие продукции, проекција ќе има и филмот „Витро“ на Филип Петковски, во независна продукција, а работен според македонски и старословенски ритуали и легенди.
Сезонатa 2021/2022 е една од најважните сезони за Скопје танцовиот театар, со оглед на тоа дека во март 2022, компанијата ја очекува историското гостување во Националниот театар за современ танц „Шајо“ во Париз, Франција. Танцовиот театар најавува повеќе настапи со продукциите на компанијата во текот на октомври, ноевмри и декември 2021 за што публиката ќе биде навремено информирана.
Во репертоарот на компанијата за оваа сезона се претставите „Не ми ги допирај очите“ и „Погрешно“ на Адријана Данчевска, „Ѓаволска дупка“ и „Офлајн“ на Дејан Битровски, „Идентитети – Историја на едне растегнат сон“ и „Меѓусвет (Убавите жени)“ на Рисима Рисимкин. Во рамките на програмата на фестивалот Танц Фест на почетокот на декеври ќе се одржи и гостување на престижната танцова компанија „Скапино балет Ротердам“ и Скопје танцовиот театар, со што ќе се одблежи долгогодишната соработка со уметници од Холандија и нивното влијание во развојот на современата танцова сцена кај нас. Гостувањето на Скапино балет Ротердам е поддржано од Холандската амбасада, а работата на Скопје танцовиот театар од Министерството за култура и Град Скопје.
Адријана Данчевска, танчер и кореограф е активен член на Скопје танцовиот театар. Свое короеграфско деби има со кратката кореографија „32°“, дел од претставата „Импулс“, премеирно изведена на Танц Фест Скопје. Потписник е на повеќе кореографии: „Погрешно“ за Универзитетот за убави уметности од Цирих, Швајцарија, „Скеч“ за Кодартс универзитетот од Холандија; продукции на Скопје танцовиот театар „Жива на друго место“; „Д.О:Л:“; „Не ми ги допирај очите“ како и на првиот танцов филм кај нас, насловен „Дома“.
Учесник е во финалето на првиот Интернационален натпревар за млади короеграфи и танчери ТАНЦЛАБ Скопје 2014, на Интернационалниот напревар „Сергеј Дјагиљев“, а во 2013 настапува на турнејата на Масданца фестивалот на Канарските острвои. Со Скопје танцовиот театар настапува на сцените низа Македонија, како и на повеќе светски фестивали. Од 2017 септември Данчевска предава на Катедрата за современ танц при УГД.
Дејан Битровски, танчер и кореограф, активен челна на Скопје танцовиот театар. Свое кореографско деби има во мај 2017 година со кореографијата “Јас и ние“, а потписнек е и на кореографиите „Луцидниот Јос“, „Autline“, „Ѓаволска дупка“ во продукција на Скопје танцовиот театар. Од септември 2017 активно работи во организација на програмите на Скопје танцовиот театар и Танц Фест. Од 2018 септември Битровски предава на Катедрата за современ танц при УГД, Со Скопје танцовиот театар настапува на сцените низ Македонија и на светски фестивали.