Почнаа да „кукаат“ и таткото и мајката на Бритни Спирс!

Мајката му рекла на судијата како знае и умее да го укине 13-годишното старателство кое го има врз Бритни нејзиниот татко. Судењето е во тек. Изгледа дека ни 890 илјади долари кои ги исплатил таткото на Бритни „не завршија работа“. Тoj многу жали за состојбата во која е неговата ќерка.

1,262

По потресните сведоштва на поп-иконата Бритни Спирс дека нејзиниот татко не ѝ давал да забремени, држејќи ја под контрола преку тоа што со години ѝ била вградена спирала, конечно проговорија таткото и мајката на Бритни кои жалат за тоа што се случило, пишува Пипл. 

– На Џејми(68) му е многу жал што ја гледа својата ќерка во толкава болка. Тој ја сака својата ќерка и таа многу му недостасува –  изјави адвокатот на Џејми Спирс, таткото на Бритни.






Мајката на Бритни, Лин Спирс(66) исто така е „многу загрижена откако слушнала низ што поминала нејзината ќерка“, објасни нејзиниот личен адвокат Гледстон Џонс. Мајката му рекла на судијата како знае и умее да го укине 13-годишното старателство кое го има врз Бритни нејзиниот татко, за што Бритни веќе поднела барање.

Судењето е во тек. Изгледа дека ни 890 илјади долари кои ги исплатил таткото на Бритни „не завршија работа“. Според мајката, трансакцијата не била направена во корист на нивната ќерка. Таа дополнително побарала да биде известена за било какви промени во врска со старателството на Бритни.

Според Њујорк Тајмс, за своето старателство врз Бритни, таткото добива 16 илјади долари секоја година.

Поврзани содржини