ПОЧНА ТРКАТА ЗА СТУДЕНТСКИ СТИПЕНДИИ Пријавувањето ќе трае до 15 ноември

Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку  платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk

277

Од денеска до 15 ноември ќе трае аплицирањето за студентски стипендии за академската 2025/2026 година.  Министерството за образование и наука објави дека студентите може да аплицираат на конкурсот за четири категории стипендии.

Првпат оваа година Министерството распиша и Конкурс за доделување 15 стипендии за редовни студенти запишани во прва година на студиски програми по македонски јазик за студиската 2025/2026 година, за кој пријавувањето е исто така од 1 до 15 ноември 2025.






Овие стипендии се доделуваат врз основа на одредба од Законот за употребата на македонскиот јазик и се со цел да ги стимулираат учениците од IV година од средното образование за запишување на студиски програми по македонски јазик.

Во објавениот конкурс се наведени условите и потребните документи за оваа стипендија за која месечниот износ ќе биде 6.050 денари и корисниците ќе ја добиваат девет месеци во текот на студиската година.

Списокот на кандидати на кои им се доделува стипендијата ќе биде објавен на веб-страницата на Министерството за образование и наука.

Студентите заинтересирани да се пријават за некоја од стипендиите на МОН и кои ги исполнуваат условите од конкурсите може да аплицираат исклучиво електронски преку  платформата: www.e-uslugi.mon.gov.mk

Студентите имаат право да се пријават само за еден вид стипендија од Министерството за образование и наука.

Поврзани содржини