Почна тестирањето на текстилните работнички од Штип

Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го завршат до 6 јуни. 

296

Почна масовното тестирање на текстилните работници во петте конфекции, кои од денеска треба да се затворени. Директорката на  Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова, вели дека денеска ќе земат околу 200 брисеви.

– Напомош денеска ни пристигнаа и двајца лаборанти од Ценатрот за јавно здравје-Кочани. Сметаме дека во кадровскиот дел сме екипирани и со оваа помош ќе го извршиме тестирањето на текстилните работници, вели Димитрова.






На терен  се две екипи, кои ги земаат брисевите од домовите на лицата кои се опфатени од масовното тестирање и еден тим работи во пунктот, кој зема брисеви по упат од матичните лекари. Штипските епидемиолози масовното тестирање на околу 500 работници во овие конфекции ќе го завршат до 6 јуни. 

Поврзани содржини