ПОЧНА СУДЕЊЕТО ЗА РОДИЛКАТА НА КОЈА Ѝ БЕА ИЗВАДЕНИ БУБРЕГ, ЈАЈНИК И МАТКА Веапоска тврди дека некој во салата се договорал за нејзините органи

Веапоска тврди дека за време на операцијата го слушнала докторот Мухамед Асани, еден од тројцата осомничени доктори, како се договара со некого во салата за нејзините органи.

4,485

По 7 месеци доцнење, почна судењето за родилката од Дебар на која ѝ беа извадени левиот бубрег и јајник и матката. Во Основниот суд во Струга Јилдиз Веапоска сведочеше за тоа како по царскиот рез ѝ била оштетена левата бубрежна артерија, паднала во кома, крварела, а потоа во операција ѝ биле извадени органите за на крајот да биде испратена во Скопје поради тешката состојба.

Таа тврди дека за време на операцијата го слушнала докторот Мухамед Асани, еден од тројцата осомничени доктори, како се договара со некого во салата за нејзините органи, пишува ТВ21.






Асани денеска не одговарал на прашања откако излегол од судот. Тројцата осомничени на судењето ги негирале обвиненијата.

Поврзани содржини