ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА СКВЕРОТ ЗАД „КАПИТОЛ“ ВО АЕРОДРОМ Владата го финансираше проектот со 45 милиони денари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во оваа недела очекува Владата да го распише вториот повик, што ќе биде малку поголем во вредност од првиот. Ако првиот беше до 6 милијарди денари, овој ќе биде до 15 милијарди денари. Владата ги повикува општините да подготват апликации, а ќе има малку поширок период за аплицирање, ќе трае до 30 април. За разлика од првиот повик, во вториот малку се олеснети условите во смисла на аплицирање, односно сите оние општини, што поседуваат проекти со обезбедени документи за објавување јавен повик, за тендерирање ќе може да аплицираат, па во меѓувреме да го решаваат и оној дел поврзан со дозволата за градба, појасни премиерот.

3,193

„Станува збор за нова урбана површина од 4.500 метри квадратни што ќе опфаќа нови плочки, зеленило, урбана опрема, хидроизолација и еден простор каде што аеродромци ќе може да уживаат. Ова е прв од осумте проекти што ги добивме како поддршка од страна на Владата. Како Општина Аеродром, добивме средства од првиот повик – 3,4 милиони евра што се многу значајни за развој на инфраструктурата во општината. За тоа сме искрено благодарни. Веќе работиме на изработка на проекти за вториот повик, што го очекуваме во наредниот период и се надевам во текот на летото, Аеродром ќе доживее една голема трансформација“.

Ова го изјави в.д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, ова попладне откако тој, премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министрите за транспорт и за локална самоуправа, Александар Николоски и Златко Перински, попладнево извршија увид на градежните работи на скверот зад трговскиот центар „Капитол“ во Општина Аеродром. Проектот е финансиран со владини средства во износ од 45 милиони денари.






Во изјава за медиумите и Перински изрази задоволство од денешниот настан.

– Ова е еден од осумте проекти што Општина Аеродром ги доби при апликацијата во првиот јавен повик и навистина сум му благодарен на Дејан за подготвеноста да ги искористи овие средства што Владата, преку централниот буџет, им ги стави на располагање на сите општини. Ова е само доказ дека оваа влада, предводена од претседателот Мицкоски, навистина е партнер на локалните самоуправи. Така почнавме и така ќе продолжиме, сѐ со цел да го подобриме квалитетот на живеење на сите граѓани – подвлече министерот за локална самоуправа.

Премиерот рече дека е убеден оти местото ќе изгледа многу поубаво за кратко време. Истовремено, Мицкоски го најави и вториот повик за општините, чија вредност, како што рече, ќе била поголема.

– Продолжуваме и понатаму. Во оваа недела очекувам да го распишеме вториот повик, што ќе биде малку поголем во вредност од првиот. Ако првиот беше до 6 милијарди денари, овој ќе биде до 15 милијарди денари. Ги повикувам општините да подготват апликации, ќе има малку поширок период за аплицирање, ќе трае до 30 април. За разлика од првиот повик, во овој, вториот, малку се олеснети условите во смисла на аплицирање, односно сите оние општини, што поседуваат проекти со обезбедени документи за објавување јавен повик, за тендерирање ќе може да аплицираат, па во меѓувреме да го решаваат и оној дел поврзан со дозволата за градба – појасни премиерот.

Тој рече дека смета дека и вториот повик ќе биде успешен и посака уште многу убави градби во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ ДОБИВА СЀ ПОГОЛЕМА ПОДДРШКА ОД ГРАЃАНИТЕ СПОРЕД АНКЕТИТЕ Мицкоски смета дека владејачката коалиција ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Поврзани содржини