ПОЧНА РЕХАБИЛИТАЦИЈАТА НА ПАТОТ КУМАНОВО – ТАБАНОВЦЕ Државни патишта годинава ќе потроши 11,4 милиони евра за реконструкции на локални патишта

Вкупната инвестиција на Јавното претпријатие за државни патишта во Куманово ќе биде 85 милиони денари.

82

Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) активно работи на обнова и реконструкција на државните патишта, автопатиштата, магистралите, експресните патишта, но не се заборавени ниту регионалните патишта. Годинава за претпријатието има планирано повеќе реконструкции на регионални патишта за што ќе потроши 700 милиони денари, изјави денеска директорот на претпријатието Коце Трајановски.

Еден од нив е и регионален пат што го поврзува Куманово со Граничниот премин Табановце чијашто рехабилитација почна вчера. Трајановски кој заедно со градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски извршија увид во градежните активности на овој пат.






–  Рехабилитацијата ќе биде во должина од 1.400 метри, со променлива ширина од 6, 5 до 9 метри или вкупна асфалтна површина од 10.000 метри квадратни. Вкупна инвестиција преку ЈПДП е 20 милиони денари – рече Трајановски.

Тој најави дека во Кумановско, веќе е почната реконструкција на патот Бељаковце-Клечовце во вредност од 35 милиони денари. По завршувањето на двата регионални патишта ќе почне реконструкција на патот од Пчиња до Вакв.

– Вкупната инвестиција на ЈПДП во Куманово ќе биде 85 милиони денари. ЈПДП за реконструкција на овие регионални патишта во рамки на програмата за 2025-та, а во договор со ЈП „Македонија пат“ има планирано 700 милиони денари (11,38 милиони евра) оваа година за реконструкција и рехабилитација на регионалните патишта. Се трудиме во секоја општина, каде што е најкритично во соработка со градоначалниците да видиме кои се најприоритетните за оваа година. Останатите ќе бидат наредна година, освен тоа имаме и надзор кој ни даваат свое мислење и стручните служби од претпријатието – рече Трајановски.

Средствата за рехабилитација на регионалните патни правци во единиците на локалната самоуправа се издвојуваат од буџетот на ЈПДП, а активностите се изведуваат преку договорот со Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта (Македонија пат).

Градоначачникот на Куманово, Димитриевски се заблагодари на поддршката од Владата, ЈПДП, за реконструкцијата на патот и решавање на деценискиот проблем.

– Претходно, на оваа траса во соработка со Министерство за транспорт и врски се реинвестираше и комплетно го реконструира во делот на оваа траса водоснабдувањето и системот, а дополнително се надевам во иднина дека со заеднички сили ќе најдеме начин да ја изградиме целосната траса која од овде тргнува, па завршува се до стариот граничен премин со Р. Србија накај село Табановце – рече Димитриевски.

Тој информира дека Општина Куманово ќе излезе во пресрет на барањата на граѓаните за изградба на тротоар од едната страна на улицата „Никола Тесла“.

На увидот присуствуваа пратениците Бране Петрушевски и Даниел Стојчевски, директорот на Царина, Бобан Николовски и претставници на локалната власт.

Поврзани содржини