Почна протестот на ВМРО-ДПМНЕ – Гоце Делчев е црвената линија

755

Со скандирање „Македонија“, „Македонија“, транспарент „За Македонија и Гоце Делчев“, со македонски знамиња и со пеење на песната „Едно име имаме“ почна третиот протест на опозициската ВМРО-ДПМНЕ од пред зградата на Министерството за правда. Протестот како што велат од партијата е за црвените линии,а тоа е Гоце Делчев. Протестот од Правда ќе продолжи пред владата па преку мостот Гоце Делчев ќе заврши пред Министерството за надворешни работи.

Гоце Делчев е идентитетот и достоинството на македонскиот народ и човекот кој е впишан во државната химна и за него не треба и не смее да се преговара. Гоце Делчев е црвената линија. Гоце Делчев го разбирал светот како културно поле за натпревапомеѓу народите – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини